Шефот на германската дипломатија, Јохан Вадефул, недвосмислено го отфрли повикот на американскиот претседател Доналд Трамп до земјите да се повлечат од Меѓународниот кривичен суд (МКС), јави германската агенција ДПА.
„Ние, секако, нема да го направиме тоа“, изјави Вадефул, опишувајќи го судот како „важна институција“.
Трамп, во својот говор на Генералната дебата во ОН, ја повика меѓународната заедница масовно да се повлече од МКС. САД не го признаваат МКС и сè повеќе воведуваат санкции против судот и неговите претставници.
„Да бидам искрен, не го разбирам овој апел“, рече Вадефул, опишувајќи го прашањето како „една од областите каде што навистина мораме да признаеме жална разлика во политиката од американската администрација“.
Првиот германски дипломат вели дека судот е дел од историјата на нашата цивилизација и израз на поделбата на властите и на владеењето на правото.
„Затоа е сосема јасно дека стоиме зад Меѓународниот кривичен суд“, рече тој.
МКС е под силен притисок од Вашингтон, главно поради потерницата издадена против израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поради војната во Газа.


