Измама во Куманово: Изведувач им ја урнал куќата, им зел 14.000 евра и не им изградил нова

Објавено:

Сопружници од Куманово пријавиле дека биле измамени за 14. 000 евра, соопшти денеска СВР Куманво. Изведувачот ја урнал старата куќа, но не започнал со изградба на нов објект и одбивал да ги врати парите.

Случајот бил пријавен, вчера во 12 часот во СВР Куманово.

„Педесет и едногодишниот маж со неговата 49-годишна сопруга пријавиле дека биле измамени од М.К. за сума од 14.000 евра. Според пријавеното, тие со М.К. склучиле договор за рушење на објект и изградба на нов, но тој воопшто не започнал со градежни работи, туку само ја срушил старата куќа и одбивал да им ги врати парите“, соопшти полицијата.

Од СВР Куманово информираат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.

Сличен случај има и во Тетово. СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Р.(39) од с. Порој, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Според информациите од полицијата, во текот на август 2026 година, пријавениот се договорил усно со едно лице да изврши молерски работи на неговата куќа, при што му бил даден капар од 2.500 евра, но не ги извршил договорените работи.