Еден од водечките светски брендови на кондоми значително ги зголемува цените на своите производи по прекините во снабдувањето за време на војната во Иран. Најголемиот светски производител на презервативи, малезиската компанија „Карекс Бхд“, планира да ги зголеми цените за 20% до 30%, доколку прекините во синџирот на снабдување продолжат.
Извршниот директор на компанијата која ги произведува светски познатите бреднови „Дурекс“ и „Тројан“, Гох Миа Киат во интервју за новинската агенција Ројтерс вели дека се забележува пораст на побарувачката за кондоми, бидејќи зголемените трошоци за превоз и доцнењата во испораката оставија многу од неговите клиенти со помали залихи од вообичаеното
„Ситуацијата дефинитивно е многу кревка, цените се скапи… Немаме друг избор освен веднаш да ги префрлиме трошоците на клиентите“, изјави Го.
Го е човекот кој стои за компанија која произведува над 5 милијарди кондоми годишно, која е водечка и во делот национални здравствени системи како што се британската НХС и програмите за глобална помош што ги водат Обединетите нации.
Тој рече дека „Карекс“ има доволно залихи за следните неколку месеци и се стреми да го зголеми производството за да ја задоволи растечката побарувачка, бидејќи глобалните залихи на кондоми значително се намалија по длабокото намалување на трошоците за странска помош, особено од страна на Агенцијата на САД за меѓународен развој минатата година, се вели во извештајот на Ројтерс.
„Побарувачката за кондоми се зголеми за околу 30% оваа година, а прекините во испораката дополнително ги влошуваат недостатоците“, рече тој.
Откако започна војната во Иран на 28 февруари, имаше зголемување на трошоците за сите материјали и хемикалии што се користат во производството на кондоми, како што се синтетичка гума, нитрил и лубриканти. Цената на материјалите за пакување, вклучувајќи ги алуминиумските фолии и силиконското масло, исто така се зголеми.
Конфликтот, исто така, ѝ го отежна на компанијата обезбедувањето суровини за кондоми и други производи, како што се материјали за пакување, бидејќи транспортот на петрохемикалии и енергија од Блискиот Исток е ограничен преку продажните места. Ова, исто така, создаде голема побарувачка, ставајќи зголемен притисок врз компанијата.


