Кремљ не сака Европа да учествува во преговорите за Украина

Објавено:

Помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков изјави дека со Вашингтон е договорено преговорите меѓу Украина, Русија и САД да продолжат без учество на европските претставници.

Тој рече дека Москва засега не ја разгледува можноста финскиот претседател Александер Стуб и норвешкиот премиер Јонас Гар Стере да учествуваат во преговорите како претставници на Европа, бидејќи е договорено обновување исклучиво на трилатералните консултации меѓу Русија, Украина и САД.

Трилатералните преговори за Украина ќе продолжат по 4 ноември во Абу Даби, а точниот датум ќе биде утврден наскоро, додаде Ушаков.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека се надева оти средбата ќе се одржи во Абу Даби меѓу 6 и 10 ноември.

Ушаков, пак, смета дека тоа ќе зависи и од ситуацијата на бојното поле и од општите околности.

„Видете каква е моменталната ситуација на Блискиот Исток. Таа едноставно не дозволува средбата да се одржи во блиска иднина. Тоа е барем моја претпоставка“, изјави Ушаков, алудирајќи на регионалните последици од конфликтот во кој се вклучени САД, Израел и Иран.

Тој додаде дека сè уште не е утврдено кој ќе ја претставува Русија на преговорите.