Како да има Мицкоски добри односи со студентите од Србија, кога Вучиќ им праќаше силеџии да им ги кршат главите, а тој со него пиеше вино, се вели во соопштението на СДСМ.
Во опозициската партија сметаат дека Христијан Мицкоски не може има добри односи со студентите што се бореа против неговиот шеф Александар Вучиќ, менторот, диригентот и газдата на македонската банда.
„Мицкоски ја донесе Вучиќевата банка во Македонија. Алта банка, што Европската централна банка ја запре, што има забрана во Црна Гора, што е под истрага за сомнително потекло на капитал и што врши трансфери кон Москва“, се вели во соопштението на СДСМ.
Од друга страна, во соопштението на ВМРО ДПМНЕ се наведува дека први другари на Вучиќ се Филипче, Заев и Ковачевски од СДС, кои го чекаа со црвен тепих, јавно го величаа и му се заблагодаруваа.
„Во екот на ковид-кризата, Венко Филипче како тогашен министер за здравство, заедно со неговиот ментор Заев, свечено ја пречекуваше донацијата на вакцини од Србија, предводена од Вучиќ, со јавни пофалби и благодарности“, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Недостигот на вакцини во Македонија се случи затоа што од нивната набавка сакаа да ќарат провизија во нивните џебови, се додава во соопштението на владејачката партија.


