Во Собранието седница за пратенички прашања

Објавено:

Собранието на Македонија денеска ќе ја одржи 127. пленарна седница, на чиј дневен ред е поставување пратенички прашања.

Седницата за пратенички прашања се одржува секој последен четврток во месецот, а прашања до премиерот и до министрите први поставуваат пратениците од опозициските партии.

Пратеничките прашања во Собранието се механизам преку кој пратениците бараат информации и одговори од претседателот на Владата, министрите и други носители на јавни функции за нивната работа и за актуелни политички и општествени прашања.

Претходно, Претседателот на Собранието, Африм Гаши ќе одржи неформална средба со претставници на медиумите, на која ќе се разговара за тековните и идните активности на законодавниот дом.