Енди Бернам е новиот британски премиер: На Британија ѝ треба нов политички и економски модел

Објавено:

Енди Бернам, поранешниот градоначалник на Манчестер, денеска стана нов премиер на Велика Британија, откако минатата недела го наследи Кир Стармер, како лидер на владејачката Лабуристичка партија. Со ова, Бернам стана седми британски премиер за една деценија.

Мандатот на новиот премиер му го даде кталот Чарлс во Бакингамската палата. Според најавите, се очекува Бернам да ги именува членовите на неговиот кабинет.

„Знам дека луѓето кај нас се презаситени од политиката. Ве слушам и сакам да бидам искрен, не бевме доволно добри и треба да бидеме подобри … Британија во 80-тите години направи неколку погрешни свртувања. Политичката моќ беше централизирана, економската моќ приватизирана, големи делови од земјата индустријализирани и сè уште не заздравиле. Многумина чувствуваат како и понатаму да се во пад и немаат моќ да ги свртат работите. И затоа ќе ја промениме политиката, ќе ја направиме поколаборативна, повеќе насочена кон решавање проблеми отколку за освојување поени“, рече Бернам во првиот премиерски говор.

Тој најави намалување на моќта на владата во Лондон и делигирање на ингеренциите на локалните власти.

Бернам, исто така најави и дека неговата влада ќе изгради нова економија со посилна јавна контрола врз основните животни потреби.

2Во текот на годината ќе презентирам нов план за Британија, 10-годишен план што ќе го постави патот од каде што сме сега до каде што верувам дека сите сакаме да биде Британија, од каде и да доаѓаме и која било партија да ја поддржуваме“, нагласи Бернам.

Тој истакна и оти од утре ќе ги презентира првите мерки за намалување на животните трошоци.

Неговиот претходник, Стармер, пред да се упати во Бакингамската палата, каде што формално му ја предаде својата оставка на кралот Чарлс, одржа проштален говор.

Како што соопшти Бакингемската палата, кралот Чарлс Трети побарал од Барнам да формира нова влада. На Барнам за неговото именување му честитаа претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, ирскиот премиер Михаел Мартин и германскиот канцелар Фридрих Мерц.