Над илјада помали земјотреси ја погодија Венецуела изминативе три недели

Објавено:

Со новите 89 починати лица, бројот на загинатите од двата силни земјотреси со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени што ја потресоа северна Венецуела на 24 јуни достигна 5.208 луѓе. Вкупно повредени се над 16 илјади луѓе, а без покрив над главата оснатале речиси 18 илјади луѓе, соопшти претседателот на Националното собрание, Хорхе Родригес. Дополнително, 24 илјади жители се сместени во 107 привремени кампови, додека надлежните служби обезбедиле помош за повеќе од 128.000 семејства погодени од катастрофата.

Од денот на земјотресите досега се регистрирани 1.388 последователни потреси. Последниот, со магнитуда од три степени, бил забележан вчераутро западно од Ла Гуаира, на длабочина од 3,9 километри, според Венецуелската фондација за сеизмолошки истражувања.

Спасувачките и хуманитарните операции продолжуваат во погодените подрачја, каде покрај човечките загуби се евидентирани и големи материјални штети на објекти и инфраструктура.