Локација за нов Клинички центар има, одлука нема

Објавено:

Новиот клинички центар е планиран да биде на платото пред или зад базенот „Борис Трајковски“. За тие две можности се размислува во владата, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговорајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на реновираната зграда на Клиниката за неврофизиологија.

„Тоа се двете можниости за кои размислуваме и преговараме. Многу бргу ќе имаме конечно решение, а како сето тоа ќе биде интегрирано, допрва ќе носиме одлука“, рече тој.

Во ноември 2025, Мицкоски најавуваше дека локацијата на ГОБ „8 Септември“ е најдобра за нов клинички центар. Лани тогашниот министер за здравство Азир Алиунајавуваше дека за нов Клинички центар во Скопје, во игра се три опции.

„Една од нив е градење на потполно нов клинички центар во нова географска положба. И третиот момент е „8 Септември“, значи да се гради комплекс таму каде што ќе се префрли целиот Клинички центар како таков кај „8 Септември“, рече Алиу во ноември 2025 година.

Ова е петтата по ред локација во изминативе три децении за која одредена политичка гарнитура најавува и ветува изградба на нов Клинички центар. Веќе 30 години во сите изборни програми политичките партии ветуваат дека само што не почнале со градба на нов Клинички центар. Изградба на современ медицински центар ветуваа сите министри за здравство од Бујар Османи, Никола Тодоров, Арбен Таравари, Венко Филипче, Беким Сали и Азир Алиу.

Последни објави