Сиљановска-Давкова на состанок на ЕПЗ во Даблин

Објавено:

Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, денеска ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница (ЕПЗ) во Даблин, Ирска.

За претседателката учеството на овој состанок е можност Македонија да ги претстави своите ставови за европската безбедност, регионалната соработка, проширувањето на ЕУ и актуелните геополитички предизвици.

На настанот, што се одржува во рамки на ирското претседателство во Советот на Европската Унија, е предвидено учество на над 50 европски шефови на држави или влади и лидери на клучни европски и меѓународни институции.

На состанокот ќе ко-претседаваат претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и ирскиот премиер, Михал Мартин.

Европската политичка заедница е форум за политички дијалог и соработка меѓу европските држави, кој има цел да ја зајакне политичката координација, безбедноста и стабилноста на европскиот континент.

Форумот е поширок од Европската Унија, затоа што во него учествуваат и држави кои не се членки на ЕУ, меѓу кои и земјите од Западен Балкан.