Непозната материја од реката Лепенец се влева во Вардар, објави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски на официјалниот Фејсбук профил, при што сподели и фотографии од моменталната состојба на реката Лепенец.
На фотографиите изгледа како во реката да има бела пена.
„Нашите инспекциски служби веднаш излегоа на терен, а дополнително ги контактиравме и инспекциските служби на Министерството за животна средина, кои исто така веднаш излегоа на терен. Дополнително, од страна инспекциските служби на град Скопје беше пуштен и дрон за детектирање на причинителот на оваа појава, а службите од ЈП ,,Водовод и канализација” беа повикани за да земат примероци од реката и веднаш ги испитаат и утврдат за каква материја станува збор“, напиша Ѓорѓиевски.
За подоцна се очекуваат повеќе информации за видот на материјата и за причинителот.



