Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска одлучи да се зголеми цената за парното греење за корисниците во Скопје, со важност од 1 август 2026.
За корисниците на „ЕСМ Снабдување“ зголемувањето е 5,96, за корисниците на ЕСМ Еенергетика или т.н железарско парно поскапувањето е 5,18 проценти, а за корисниците на „ЕнергоЕколог“, односно поранешно „Скопје Север“, покачувањето е 3,65 проценти.
Според пресметките на РКЕ, за просечен стан од 60 метри квадратни зголемувањето ќе биде 140 денари.
И со овие покачени цени според директорот на РКЕ Ацо Ристов и натаму сме со најниски цени во регионот во однос на толинската енергија.
РКЕ денеска донесе одлука и за зголемување на цената на горивата и тоа 3 денари за бензините и 4,54 денари за дизел горивото. Овие цени важат од 28 јули 2026.



