Почна поставувањето на новите контејнери во Скопје

Објавено:

Јавното Претпријатие Комунална хигиена-Скопје започна да ги поставува новонабавените садови наменети за одлагање на комуналниот отпад, се вели во соопштението од претпријатието.

Досега е извршена замена на приближно двесте контејнери, додека активностите за поставување на новите садови ќе продолжат и во текот на неделава.

Воедно, во текот на изминатата недела, екипите на ЈП Комунална хигиена- Скопје отстраниле 880 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини.

Најголемо количество непрописно одложен отпад е подигнат во општина Центар, каде што се расчистени вкупно 205 кубни метри отпад од диви депонии.

Во истиот период, беа подигнати и транспортирани 3300 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје, соопшти Комунална хигиена.