Белград: седница за разрешување на градоначалникот Александар Шапиќ

Објавено:

Собранието на Град Белград денеска ќе одржи седница со единствена точка на дневниот ред- разгледување на предлогот за разрешување на градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ.

Барањето за разрешување на Шапиќ следува откако движењето „Крени-Промени“ го обвини градоначалникот за физички напад врз нивната советничка Тања Миќиќ, на која, според нивните тврдења, ѝ биле скршени носот и дел од горната вилица.

Шапиќ негира дека ја удрил советничката.

Лидерот на движењето „Крени-Промени“, Саво Манојловиќ, соопшти дека седницата е закажана на барање на 41 советник од опозицијата, поднесено на 7 октомври.

Инаку, во вторникот, на 6 октомври, беше одбиен предлогот на „Крени-Промени“ дневниот ред да се дополни со предлог-заклучок за одговорноста на градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ.

По ова, беше поднесено барање за одржување посебна седница за одговорноста на Шапиќ.