Студентите во Србија за прв пат се кандидираат на парламентарни избори со своја листа, по месеци антивладини протести предизвикани од уривањето на настрешница на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември 2024 година, при што 16 лица загинаа, а неколку беа повредени.
Несреќата предизвика серија масовни протести и блокади во Нови Сад, во Белград и во други градови во Србија, на кои граѓани и опозицијата бараа одговорност за пропусти во градбата, за корупција и лош надзор.
Демонстрантите ја обвинија владата за широко распространета корупција во државата и побараа системски промени.
Свикувањето предвремени парламентарни избори беше едно од нивните барања.
Сите очи на оние што ги поддржуваат сега се насочени кон списокот на кандидати кои ќе ги претставуваат на изборите.
За еден список официјално да влезе во изборната трка, потребно е тој да биде одобрен од Републичката изборна комисија.
Кога станува збор за критериумите за избор на кандидат, главната работа била лицето во моментов да не е член на опозициски партии и движења, никогаш да не е член на Српската напредна партија, да не е кривично гонето и да се согласува со студентската програма што претходно ја објавиле.
Во тој период, како претседател на Србија, Александар Вучиќ речиси секојдневно ја обиколуваше земјата, следен од прорежимските медиуми.
Иако претходно ја објави својата оставка од функцијата претседател, Вучиќ досега не ја поднесе. Во меѓувреме, неговата Српска напредна партија веќе објави дека ќе го номинира за премиер на Србија.
Неформално, изборната кампања во Србија започна неколку месеци пред распишувањето на изборите.
Покрај митинзите низ цела Србија, студентите организираа разговори од врата до врата со граѓаните, а во бројни градови поставија штандови на улиците за да ги презентираат своите идеи и програми. Во тоа време, како претседател на Србија, Александар Вучиќ речиси секојдневно ја обиколува земјата.


