За три дена 2720 сообраќајни прекршоци, приведени 67 возачи

Објавено:

Во текот на изминатите три дена во редовни сообраќајни контроли на полициски службеници на патиштата низ државата, издадени се вкупно 2720 платни налози, од кои 1360 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, соопшти МВР.

„Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 67 лица, од кои седум за возење под дејство на алкохол, 21 за возење без возачка дозвола, осум поради претходно изречена забрана за управување со возило, три поради возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место, а едно лице поради возење со брзина поголема од дозволената во населено место“, се вели во соопштението.

Во него се додава дека во истиот период се одземени 27 возила по член 300-б од Кривичниот законик.

Според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на изминатите три дена евидентирани се 328 прекршоци за неправилно паркирање, како и 57 санкции за возење под дејство на алкохол.

Од друга страна пак, санкционирани биле 33 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, како и 239 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас.

Согласно Законот за возила, 23 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а четири заради техничка неисправност.

Санкционирани се и осум возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии), соопштуваат од МВР.