Бугарскиот премиер Румен Радев ќе се сретне со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, кој денес пристига во Софија.
Двајцата премиери ќе разговараат тет-а-тет во зградата на Министерскиот совет, по што ќе се одржи проширен состанок со учество на двете делегации, јави агенцијата Бгнес.
Фокус на разговорите ќе биде развојот на билатералните односи, кои достигнаа ниво на стратешко партнерство, соопшти прес-службата на бугарската влада.
Ќе се разговара за широк спектар на теми од заеднички интерес и за европската агенда.
Мицотакис по средбата и заедничката прес-конференција, од Софија ќе замине за Тиват каде што ќе присуствува на вечера организирана од претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ за лидерите од ЕУ и земјите од Западен Балкан по повод националниот празник на земјата, а во пресрет на Самитот ЕУ – Западен Балкан што ќе се одржи утре.


