САД и Иран потпишаа почетен договор за прекин на конфликтот

Објавено:

Претседателите на Соединетите Американски Држави(САД) и на Иран, Доналд Трамп и Масуд Пезешкијан, потпишаа меморандум за разбирање, кој е почетен мировен договор насочен кон прекин на конфликтот на Блискиот Исток и стапува на сила веднаш.

Тој предвидува повторно отворање на Ормускиот Теснец, создавање фонд за обнова на Иран од 300 милијарди долари и укинуваање на сите американски санкции за Иран.

Сепак, за иранската нуклеарна програма, главната причина за почетокот на нападите, ќе се преговара во следниот 60-дневен период.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го потпиша меморандумот на 17 јуни за време на гала вечера во Версајската палата по самитот на Групата седум (Г7).

Видео споделено на Платформата Икс од Белата куќа и францускиот претседател Емануел Макрон го покажува Трамп како го потпишува документот.

На фотографиите, иранскиот претседател ги држи страниците од договорот свртени кон камерите, на кои се видливи и неговиот потпис и потписот на американскиот претседател. Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф, чија влада посредуваше во договорот, објави на платформата Икс дека договорот ќе стапи на сила веднаш.

Високи американски претставници открија детали од рамковниот договор со Иран, кој треба официјално да биде потпишан во петок на церемонија во Швајцарија.

Меморандумот за разбирање повикува на прекин на борбите на сите фронтови, вклучително и во Либан, повторно отворање на Ормутскиот теснец за комерцијален сообраќај и прекин на американската поморска блокада на Иран.

Двете страни се обврзуваат да се договорат за конечно решение во рок од 60 дена по официјалното потпишување на договорот, кој вклучува ограничувања на нуклеарната програма на Иран и укинување на американските санкции против Исламската Република, изјавија американски претставници.

„Ова е во основа договор што ни овозможува веднаш да го отвориме Ормутскиот теснец, ги обврзува Иранците да ги уништат своите нуклеарни залихи, а потоа ни дава контрола“, рече висок американски претставник.

Договорот, кој веќе е потпишан електронски, го означува најголемиот дипломатски пробив меѓу САД и Иран во последниве години.

Од почетокот на конфликтот, иранската влада го затвори Ормутскиот теснец, предизвикувајќи загриженост за енергетската безбедност и поморскиот транспорт во регионот.

Вооружениот конфликт меѓу САД и Иран започна на 28 февруари 2026 година, кога САД и Израел извршија заеднички воени удари врз Иран.Судирот се одвиваше на Блискиот Исток и траеше повеќе од три месеци пред двете страни да започнат индиректни преговори со посредство на Оман.