Судир на возови во Шпанија, над 40 загинати

Објавено:

Најмалку 40 лица загинаа, а повеќе се повредени во судир на два воза на компаниите „Ренфе“ и „Ирио“ на брзата железничка линија меѓу Мадрид и Андалузија. Железничкиот сообраќај е прекинат, објави „Франс24“.

Несреќата се случила нешто по девет часот, меѓу градовите Лос Јебенес и Урда, во провинцијата Толедо.

Во судирот учествувале возот „Ренфе АВЕ“, кој сообраќал од Мадрид кон Севилја, и воз на компанијата „Ирио“, кој се движел во спротивна насока.

Двата воза излетале од шините и паднале во насип.

Според извештаите на очевидци, има повеќе загинати и повредени.

Како што се наведува, возот на „Ренфе“ претходно ја намалил брзината и застанал неколку минути поради проблеми во железничкиот сообраќај.

Управителот на железничката инфраструктура, „Адиф“, соопшти дека сообраќајот на пругата е прекинат.