„Телевизорот падна врз мене“ – Јапонија трага по преживеани од земјотресот

Објавено:

Најмалку 13 лица загинаа во смртоносниот земјотрес што вчера ја погоди Јапонија во близина на градот Кумамото во Јапонија додека спасувачките екипи трагаат по преживеани лица под урнатините.

Во прашање е трка со времето, како што вели премиерката Санае Такаичи.

Земјотресот беше со јачина од 7,1 степен.

„Сè уште има луѓе кои чекаат да бидат спасени и ова е трка со времето. Ќе ги искористиме сите расположливи средства на терен за да спасиме и извлечеме што е можно повеќе луѓе“, изјави Такаичи.

Земјотресот остави илјадници домаќинства без електрична енергија и оштети патишта низ целиот регион, еден од најпознатите трговци центри, кој беше реотворен неодамна, се урна.

Дел од преживеаните излегуваат со потресни сведоштва.

„Земјотресот се случи додека бев дома. Телевизорот ми падна врз мене, огледалото ми се скрши, а патиштата околу мене беа оштетени“, изјави Михал Посен, 25 годишна девојка која веќе две години живее во Кумамото каде работи како професорка по англиски јазик, пренесува Би-би-си.

Кумамото беше погоден од разорен земјотрес и пред десет години при што загинаа најмалку 278 лица.

И тогашниот и сегашниот земјотрес ги преживеал Шон Вилсон од Шкотска. Во изјава за Би-би-си дели дека областа не е толку оштетена како пред една деценија. Поучен од искуството во 2016-та, тој веднаш се упатил до најблиското засолниште заедно со неговото куче.

„Звукот што се создава е толку дезориентирачки, сè се движи под вашите носи, како копното да станува море“, вели Вилсон за Би-би-си.

Јапонија е погодно почва за земјотреси. Таа на наоѓа на спојка на четири главни тектонски плочи и досега, покрај во 2016, беше погодена од неколку катастрофални земјотреси.

Во 1923 година, земјотрес во регионот на Токио уби повеќе од 100.000 луѓе.

Друг земјотрес што предизвика сериозно уништување беше во 1995 во пристанишниот град Кобе при што загинаа повеќе од 6.400 луѓе, а стотици илјади останаа без своите домови.

Во 2011 година, најмоќниот земјотрес некогаш регистриран во Јапонија го погоди источниот брег на земјата. Земјотресот со јачина од 9 степени предизвика цунами кое го зафати главниот остров на Јапонија – Хоншу. Оваа катастрофа уби повеќе од 18.000 луѓе и избриша цели градови од картата.

Цунами бран по него, исто така, предизвика голема катастрофа во нуклеарната централа Фукушима, поради што мораше да бидат евакуирани повеќе од 150.000 луѓе.