Претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа изјави дека американските претставници разговарале со посредниците за завршување на војната со Иран.
Тој истакна дека САД „многу брзо“ ќе победат.
„Ќе победиме. Ако мене ме прашувате, тоа ќе биде постигнато на еден или друг начин, но ќе ќе се случи многу брзо“, рече Трамп.
Претставници на САД и Иран вчера имале разговори преку посредници за завршување на седуммесечната војна.
Претходно, Вашингтон и Техеран двапати, во април и во јуни договорија прекин на огнот во индиректните мировни преговори.
Преговорите се одржаа и покрај тоа што Трамп го отфрли претходниот ирански план за седумдневно примирје, што предвидуваше завршување на судирите во Иран и во Либан, одмрзнување на иранскиот имот вреден милијарда долари, укинување на санкциите за иранската нафта и укинување на американската поморска блокада на иранските пристаништа.
Потоа Иран би го одблокирал Ормускиот Теснец, а на крајот ќе се преговара за иранската нуклеарна програма.


