Полицијата соопшти дека е уапсен таткото на седумнаесетгодишниот ученик во Првото техничко училиште во Крагуевац кој утрово пукал и ранил едно лице во тоа училиште. Уапсен е поради недозволено држење оружје.
Припадници на Министерството за внатрешни работи во Крагуевац, во соработка со Вишото јавно обвинителство во овој град, го уапсија С. М. (49) поради постоење основи на сомнение дека нелегално поседувал оружје со кое неговиот 17 годишен син утрово се појавил во училиште и ранил две жени.
Седумнаесетгодишниот ученик во четврта година на ова училиште донел во училиштето малокалибарска пушка за чие држење неговиот татко не поседува дозвола и од неа испукал куршум кон портирницата, при што ја ранил 50годишната хигиеничарка во ногата. Втората вработена во уличиштето била ранета исто како нејзината колешка во ногата.
Времето на извршување на овој настан било за време на наставата, така што во ходникот и во дворот на споменатото училиште немало ученици. По овој настан, сите ученици во училиштето биле безбедно евакуирани, соопшти полицијата. На 49 годишниот татко ќе му биде одредено задржување до 48 часа и тој, со кривична пријава, ќе биде приведен во надлежното обвинителство, додека седумнаесетгодишникот, по сослушувањето, ќе биде спроведен кај судија за малолетници при Вишиот суд во Крагуевац.
Полициските службеници во соработка со надлежното обвинителство ги утврдуваат сите околности на настанот, а во тек се претреси на објекти и собирање докази.Исто така, напоменуваат дека Полициската управа во Крагуевац во претходниот период не примила пријава ниту известување кое би можело да се доведе во врска со овој настан. Според информациите на телевизијата Н, во двете ранети жени се хоспитализирани во Ургентниот центар и не се во животно загрозувачка состојба.
Училиштето го посети министерот за просвета, кој рече дека ќе се работи на системска превенција и зголемување на бројот на полицајци во училиштата.


