Единици на Министерството за внатрешни работи (МВР) изминатите два дена спроведоа засилени мерки и активности на територијата на целата држава, насочени кон откривање и сузбивање на криминалот, особено недозволената трговија со дрога и нелегалното поседување оружје, се вели во соопштението од МВР.
Во акцијата биле извршени 47 претреси во домови и други помошни простории на повеќе локации низ државата.
При претресите биле најдени и одземени поголема количина марихуана, повеќе пакувања со кокаин, како и помали пакувања со кокаин подготвени за натамошна продажба.
Исто така, биле пронајдени и одземени огнено оружје- пиштоли и пушки, разновидна муниција, парични средства и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела.
„Во текот на акцијата од слобода се лишени 16 лица, а поднесени се 11 кривични пријави за кривичните дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, се вели во соопштението од Министерството за внатрешни работи.


