Земјотрес во Албанија ја затресе и Струга

Објавено:

Земјотрес утрово (29 јули) ја погоди соседна Албанија, а бил почувствуван и во Струга и околината. Според Европската макросеизмичка скала бил со интензитет од три степени.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот на земјотресот е на речиси 144 километри југозападно од Скопје со Рихтерова локална магнитуда 4.