Апсења во Барселона, демонстранти ограбиле продавници и подметнале пожари

Објавено:

Вкупно 100 луѓе беа уапсени во Барселона во саботата вечерта откако маскирани демонстранти кои учествуваа на антивладиниот собир ограбија продавници и подметнаа пожари врз уличниот инвертар околу централниот плоштад во градот, Плаза де Каталуња.

Нурија Парлон, министерката за внатрешни работи на шпанската област Каталонија, изјави дека околу 25% од уапсените биле малолетници. Таа додаде дека биле подметнати повеќе од 30 пожари, а 14 продавници биле вандализирани или ограбени во дел од градот кој е многу посетен од туристи и купувачи за време на викендите.

Демонстрантите биле повикани преку објави на социјалните мрежи на движење „против системот“. Во објавите исто така бил користен и слоганот „Institut Indignats“, што е превод на движењето „Lyceés Indignés“ кое се користеше за мобилизирање на студентите кои протестираа во Франција изминатите недели. На макеонски јазик, овие фрази се преведуваат како „Огорчен средношколец“.

Видејата на социјалните мрежи прикажуваат луѓе заглавени внатре во продавници, меѓу кои и стоковната куќа Ел Корте Инглес, откако ролетните биле спуштени за да се спречи грабеж. Други објави прикажуваа маскирани демонстранти облечени во црно како шутираат излози на продавници и бегаат со украдена стока. Градоначалникот на Барселона, Жауме Колбони, изјави дека вандалските чинови во градот „нема да минат неказнето“, вклучително и правни последици за старателите на кои било вклучени малолетници.

Протестите и немирите во Барселона се дел од поширок бран европски протести поврзани со трошоците за живот, кризата со станбени прашања и генералното незадоволство на младите, кои во последниот период зафатија и други европски земји, како Франција и Италија.

Младите во Европа се соочуваат со сериозни економски тешкотии, зголемени трошоци за живот, инфлација и исклучително високи цени на недвижнините, особено во големи туристички центри како Барселона, каде што станбената криза е голем проблем.

Во текот на првите недели од октомври, илјадници граѓани излегоа на улиците во Барселона и други шпански градови барајќи итни мерки против скапите кирии (кои достигнуваат и над 1.200 евра), шпекулациите со недвижнини, масовниот туризам и иселувањата.