Башар ал-Асад осуден на смрт во Сирија

Објавено:

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад е осуден на смрт во отсуство за злосторства против човештвото и воени злосторства, пресуди сириски суд.

Асад избега од главниот град Дамаск и отпатува за Москва во декември 2024 година откако беше соборен од власт во молскавична офанзива на силите што се бореа против неговиот режимот.

Сирискиот суд ја изрече пресудата денеска (11 август), а покрај експретседателот, во отсуство за злосторства извршени за времена неговото владеење го осуди и неговиот брат Махер ал-Асад.

Смртна казна доби и братучед на Асад по мајчина линија, Атеф Наџиб. Тој се наоѓа во притвор во Сирија, а беше прогласен за виновен за водење на репресија врз неистомислениците во јужната покраина Дара во 2011 година каде што тинејџерите беа притворени и мачени за испишување графити против режимот.

Инцидентот во Дара предизвика масовен бунт против режимот на Асад. Движењето потоа ескалираше во граѓанска војна. Конфликтот траеше сè додека не падна владата.