Дебакл на Трамп, Демократите го освоија Конгресот

Објавено:

Демократите ја презедоа контролата врз горниот дом на Конгресот – Сенатот, а се на прагот да освојат мнозинство и во Претставничкиот дом на Конгресот, нанесувајќи тежок политички пораз на Републиканската партија на претседателот Доналд Трамп.

Низа победи во традиционалните републикански упоришта ги покажа размерите на незадоволството од политиката на Трамп.

Ова се првите заклучоци на американските медиуми, откако во САД вчера беа одржани избори на средина од претседателскиот мандат, на кои Американците избираа членови на Конгресот, гувернери и претставници на локалната власт.

Демократите презедоа шест сенаторски места од републиканците, меѓу кои и оние во Тексас, Охајо, Канзас, Ајова, како и во Северна и Јужна Каролина. Истовремено, освоија повеќе од шест места во Претставничкиот дом што досега ги контролираа републиканците, каде што конечниот сооднос на силите сè уште се утврдува.

Меѓу најзначајните резултати се издвојува победата на демократот Џејмс Таларико во Тексас, каде што Демократите освоиле сенаторско место за првпат по 1988 година. Во истата сојузна држава, демократката Џина Инохоса ја победи републиканската гувернерка Грег Абот и ќе стане првата жена со латиноамериканско потекло на функцијата гувернер на Тексас.

Демократите остварија победи и во трките за гувернери во Џорџија, Охајо и Ајова. Во Џорџија, Кеиша Ленс Ботомс стана првата жена и првата Афроамериканка избрана за гувернер на оваа сојузна држава.

Изборните резултати го одразуваат незадоволството на гласачите од високите животни трошоци, економската политика на администрацијата и војната против Иран.

Трамп порача дека дека ќе ги прифати резултатите од изборите, додавајќи оти републиканците убедливо ќе победеле доколку и неговото име било на гласачкото ливче, додека некои републикански функционери одговорноста за поразот му ја припишуваат токму на претседателот.

Преземањето на контролата врз Сенатот од страна на демократите веќе претставува голем политички пресврт во Вашингтон.

Доколку го освојат и Претставничкиот дом, тие ќе можат значително да ја ограничат законодавната агенда на Трамп, да ги блокираат претседателските именувања и да ги засилат конгресните истраги во преостанатите две години од неговиот мандат.