Газа: Поглед од урнатините

Објавено:

Според извештаите на Обединетите нации и UNRWA, ситуацијата во Газа останува драматична и нестабилна. Во тековните напади досега се регистрирани над 30.000 загинати цивили, меѓу кои голем број жени и деца.

Покрај жртвите, повеќе од 70.000 лица се повредени, а здравствениот систем функционира само делумно – од 619 здравствени пунктови, активни се околу 260, и тоа најчесто со ограничени капацитети.

Раселувањето е масовно – Над милион луѓе се принудени да ги напуштат своите домови, што претставува повеќе од две третини од населението во Газа. Според податоците, над 60% од станбените објекти се уништени или сериозно оштетени, оставајќи десетици илјади семејства без засолниште.

Основни услови за живот речиси нема, велат теренските извештаи кои стасуваат до ОН. Електричната енергија е достапна само преку генератори, а резервните делови за нив се недостапни поради блокадите. Водата и храната се во критичен недостиг, цените се зголемени, а населението е целосно зависно од хуманитарна помош.

Хуманитарните организации предупредуваат дека пристапот до Газа е ограничен: премините се затворени, медицинските евакуации се суспендирани, а координацијата за движење на персонал е блокирана . Помошта што стигнува е минимална и недоволна за да ги покрие потребите на населението.

Во вакви услови, Газа се соочува со една од најтешките хуманитарни кризи во поновата историја, со население кое се бори за основни средства за преживување – храна, вода, лекови и засолниште.

Извори на податоци: UN, UNRWA, OCHA
Фото: Unsplash / Pixabay