Индискиот министер за образование си поднесе оставка, младите прогласија победа

Објавено:

Индискиот министер за образование, Дармендра Прадан, денеска си поднесе оставка и се „поклони“ пред јавниот притисок од студентското „движење на лебарките“.

„Имам големо почитување за легитимните очекувања на младите од оваа земја“, напиша Прадан на социјалната мрежа X.

Тој додаде дека ја поднел својата оставка до премиерот Нарендра Моди.

Тој потег беше клучно барање на студентското движење „Партијата на лебарките“ (CJP) и нејзините млади поддржувачи, кои веруваат дека министерот треба да преземе политичка одговорност за скандалот со протекување на документи за приемен испит на универзитет.

На неодамнешните протести во индискиот главен град, Њу Делхи, имаше насилни судири меѓу поддржувачите на ова движење и полицијата. Многу луѓе беа повредени.

Студентското движење „Партија на лебарките“ беше формирано во мај, откако главниот судија ги нарече невработените-млади лебарки.

Опишано е како „сатирично политичко движење“ и ги организира своите активности главно преку Интернет.

Набљудувачите велат дека протестното движење се претвори во голем предизвик за владата, која понуди разговори со своите претставници.

Младите демонстранти се согласија да ги прекинат демонстрациите, што им го потврди на новинарите портпаролот на движењето „лебарки“ по разговорите со Владата во саботата, на 25 јули.

Младите бараа финансиска компензација и одговорност за животите на младите луѓе кои извршија самоубиства под притисокот создаден од откажувањето и повторувањето на приемните испити.