Американскиот Конгрес го отфрли обидот за покренување постапка за отповикување на министерот за одбрана Пит Хегсет, по обвинувањата дека тој започнал воена операција против Иран без одобрение од Конгресот.
Претставничкиот дом со 211 гласа „за“ и 204 „против“ одлучи предлогот да биде упатен до Комитетот за правосудство, со што иницијативата на републиканскиот конгресмен Томас Меси практично беше запрена.
Хегсет го нарече обидот за отповикување фарса и саботажа.
Американскиот претседател Доналд Трамп ја поздрави одлуката на Конгресот, порачувајќи на социјалната мрежа Truth Social дека иницијативата доживеала целосен неуспех.
„Обидот на демократите да покренат постапка за отповикување на министерот за војна Пит Хегсет доживеа целосен неуспех! Секој републиканец, освен Томас Меси, голем ГУБИТНИК, гласаше во корист на Пит. Повторно, победите во Венецуела и Иран, најдобрите резултати во регрутирањето во историјата на војската и моралот каков што ретко се гледа доведоа до ЦЕЛОСНО ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ОБВИНУВАЊАТА на големиот американски патриот. Демократите продолжуваат да ги злоупотребуваат Соединетите Американски Држави и да ги претвораат во оружје за своите политички пресметки. Мора да бидат запрени!
ДА ЈА НАПРАВИМЕ АМЕРИКА ПОВТОРНО ГОЛЕМА!“, порача Доналд Трамп.


