Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска во 10 часот ќе започне надзорна расправа за „АЛТА банка“.
На 85. седница на Комисијата, расправата ќе биде одржана под наслов „Причини за воведувањето администрација во АЛТА банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност“.
Во соопштението од Собранието се наведува дека Комисијата за финансирање и буџет поканила овластени претставници на Владата и на органите на државната управа, како и други лица.
Од поканетите се очекува да дадат информации за прашањето што е предмет на надзорната расправа.


