ММФ ги подобри прогнозите за Македонија: 3,2% раст во 2027

Објавено:

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја зголеми прогнозата за економски раст на Македонија за 2026 година на 3,5% од претходно превидените 3,1%, а во 2027 година очекува македонската економија да забележи раст од 3,2%.

Од земјите во регинот, за Бугарија годинава е прогнозиран раст од 2,6 отсто, за Грција 1,8, Хрватска 2,2, Босна и Херцеговина 2,3, Црна Гора 3,0, Србија 3,2, а за Албанија и за Косово по 3,5 проценти.

Неодамна и Светската банка ја ревидира прогнозата за економски раст на Македонија за 2026 година од 2,9% на 3,2%. Како главни двигатели на економскиот раст беа посочени инфраструктурните проекти. За 2027 и 2028 година, СБ превидува раст на македонската економија од 3%.

ММФ во отомврискиот извештај за глобалните економски движења благо ја зголеми прогнозата за растот на светската економија во 2026 година на 3,1 отсто, но предупреди дека растот ќе остане слаб, додека за влијанието на вештачката интелигенција врз пазарот на трудот оценката е дека ќе се шири како „бавно цунами“.

Фондот во јуни предвидуваше глобален раст од три отсто, додека светската економија во 2025 година оствари раст од 3,5 отсто. Во најновиот извештај се наведува дека американската економија ќе бележи стабилен раст од 2,3 отсто и во 2026 и во 2027 година.