Во престижната американска „Галерија МЦ-Македонски центар во Њујорк“ свечено се отвара значајната македонска изложба насловена „Архитектура во период на транзиција низ делото на МБМХП+“. Овој проект го спроведува Здружение за истражување на градот – ГРАДОТ УБАВ, Скопје во рамките на меѓународната промоција на македонската култура.
Изложбата го претставува творештвото и архитектонското наследство на истакнатите македонски автори проф. д-р Минас Бакалчев и проф. д-р Митко Хаџи-Пуља, како и на генерациите архитекти и соработници кои го продолжат овој единствен архитектонски дијалог. Преку клучните проекти и експерименти создадени во периодот од 2004 до 2023 година (меѓу кои Metamorphoses, City of Possible Worlds, METAMAK CUT-OUT, Learning Architecture и други), поставката сведочи за промените и идеите што ја обликуваат современата македонска архитектура на меѓународната сцена. Знакот „+“ во МБМХП+ ја означува соработката, пренесувањето на знаењето и ја третира архитектурата како суштински колективен процес.
Дел од овие проекти се однесуваат како Метамак кат – аут кој е експериментален и педагошки формат кој ја третира македонската урбана реалност преку методот на „сечење“, трансформација и монтажа на просторните елементи. Овој проект беше дел од пошироките истражувања крунисани со признанија (како Големата награда за архитектура), истражувајќи ги слоевите на градењето и деконструирањето на градот во транзиција.
Овие трудови заедно ја сочинуваат „архитектурата на отпорот и идеите“ создадена во периодот на транзиција во Македонија, а нивното изложување во Њујорк претставува ретка можност меѓународната јавност да види како локалниот контекст се претвора во универзален архитектонски јазик.
Зад овој значаен меѓународен проект стојат истакнатите македонски архитекти и професори на Архитектонскиот факултет во Скопје, проф. д-р Минас Бакалчев и проф. д-р Митко Хаџи-Пуља, чие долгогодишно академско, истражувачко и практично дејствување претставува столб на современата македонска архитектонска мисла. Преку нивниот заеднички креативен потпис, означен со симболот „+“ како синоним за колективен процес и пренос на знаење, двајцата автори со години истражуваат како просторот реагира на општествените, културните и економските промени, градејќи критички мост меѓу локалната транзициска реалност и универзалниот архитектонски израз.
Овој проект има за цел да ја претстави македонската архитектонска мисла пред њујоршката и меѓународната публика, придонесувајќи кон документирање и зачувување на поновата македонска архитектонска историја.


