Објавени добитниците на државната награда „23 октомври“

Објавено:

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, во согласност со Законот за државните награди, и Правилникот за работа на Одборот, на својата последна седница донесе Одлука за доделување на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Република Северна Македонија.

За остварување во областа на културата и уметноста, наградата му се доделува на актерот Ѓорѓи Јолевски.

За остварување во областа на науката, наградата им се доделува на историчарот Стојко Стојков и на археологот Виктор Лилчиќ-Адамс.

Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 23 октомври 2026 година во Собранието на Република Северна Македонија, се вели во соопштението од Одборот за доделување.