Најмалку 27 загинати во пожар во паб во Бангкок

Објавено:

Огромен пожар избувна во паб во Бангкок во текот на ноќта, при што загинаа најмалку 27 лица пред пожарникарите да можат да го стават огнот под контрола, соопштија официјални лица.

Надлежните служби посочија дека пожарот бил пријавен околу полноќ по локално време. Снимките што се појавија во јавноста покажуваат огромни пламени јазици како излегуваат од вратата на пабот во северниот дел на тајландската престолнина додека луѓето се обидуваат да избегаат, а густ црн чад се крева кон небото.

Тајландскиот премиер Анутин Чароенчаракул изјави дека 27 лица загинале, а неколку се однесени во болница. Тој рече дека причината за пожарот сè уште се истражува.

На пожарникарите им требало околу половина час за да го стават пожарот под контрола, соопштија официјални лица. На снимките може да се забележат изгорени маси и столови и оштетени внатрешни ѕидови.

Слични трагедии се случуваа во Тајланд и во минатото. Во 2022 година, 14 лица загинаа во пожар во музички паб во источниот дел од земјата.

За време на новогодишна забава на 1 јануари 2009 во ноќниот клуб „Сантика“ загинаа 66 лица, а повеќе од 200 беа повредени. Пожарот беше предизвикан од огномет во затворен простор.