Регулаторната комисија за енергетика(РКЕ) донесе одлука според која од полноќ бензините поевтинуваат за два и пол денари, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за два денара.
Според ова, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 96 денари за литар, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 98 денари за литар.
Новата цена на дизелот од полноќ ќе биде 99 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 110,50 денари за литар.
Малопродажната цена на Мазутот се зголемува за 1,837 денари за килограм и тој ќе се продава по цена од 53,579 денари за килограм.


