Францускиот претседател Емануел Макрон ја одби оставка на министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез по ширењето на немирите за време на викендот, и покрај „пропустите во предвидувањето и разузнавањето“ кои беа оценети како фактори што ја влошија кризата што ја тресе земјата.
Макрон изјави дека Нуњез треба да остане за да се зачува командната линија во рамките на полицијата и безбедносните сили, а исто така побарал од него што побрзо да воспостави нови пристапи за справување со грабачите, додадоа од Елисејската палата, цитирани новинската агенција Ројтерс. Макрон побарал од министерот „да воведе нови оперативни методи за безбедносните сили“ за да ја стави кризата под контрола.
Саботата, еден од најодлучните денови на насилство во последните години, остави изгорени јавни згради, стотици уништени и ограбени продавници и најмалку 2.400 луѓе уапсени во градовите низ целата земја. Во телевизиско интервју во понеделникот, Нуњез призна дека полицијата „изгубила контрола“ во некои градови за време на протестите.
Стравувањата од тензии во рамките на кревките владини структури на Макрон поради очигледните пропусти во безбедноста, кои доаѓаат токму во моментот кога владата треба да усвои многу потребен закон за буџет со кој ќе ги стават под контрола финансиите, се очекува дополнително да ги вознемират инвеститорите, пишува Ројтерс.
За време на викендот, стотици илјади луѓе излегоа на улиците за да протестираат против она што многумина го велат дека претставува опаѓање и нефункционалност на јавните служби, оставајќи ги граѓаните сами да се справуваат со притисоците од зголемените трошоци за живот.
На многу места, вклучувајќи ги главниот град Париз, Марсеј и градот Лион, мирните протести брзо беа преземени од бунтовници што доведе до сцени на вандализам и хаос.
Франција распореди 60.000 полицајци и други безбедносни сили во саботата, изјави министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез за радиото Франсе Интер, но призна дека тоа не било доволно за да се контролираат насилните толпи во „одредени градови“.
Претседателската палата на Макрон, Елисејската палата, соопшти во понеделнокот дека Нуњез, поранешен шеф на полицијата во Париз, му ја понудил својот оставка на претседателот по немирите. Макрон одби, но го повика Нуњез итно да излезе со нови концептите „за да се стави крај на барикадите и грабежите“, соопштија од Елисејската палата. Оттаму додадоа дека Нуњез исто така треба да „обезбеди транспарентност во врска со пропустите во процената и разузнавањето кои доведоа до насилството“.
Министерот за правда Жералд Дарманин, долгогодишен сојузник на Макрон, е на иста линија со претседателот кој во телевизиско интервју посочи дека имало пропусти во разузнавањето што ја оставиле државата ранлива пред, како што ги нарече демонстрантите кои преземаа насилни дејства, „есктремно-левичарски бунтовници“ кои ги потцениле.
Проблемите со животни трошоци причини за протести низ Европа
Проблемите со трошоците за живот беа исто така во фокусот за време на бројните демонстрации и протести одржани во други европски земји, вклучувајќи ги Италија, Белгија и Албанија за време на викендот, при што високите цени на горивата, кои главно произлегуваат од војната во Иран, ја зголемија маката на многу луѓе.
Во Франција, во саботата беше запалена општинска зграда, продавниците беа ограбени, а зградите беа покриени со графити додека насилните групи се судираа со полицијата низ целата земја. Судири избувнаа и во Париз и Марсеј во неделата, каде што полицијата за разбивање на немири интервенираше за да спречи обиди за ограбување на бизниси.


