Милијарда евра оштета бараат хотели од Букинг

Објавено:

Повеќе од 15.000 европски хотели се вклучија во колективна постапка против туристичката платформа позната во јавноста како Букинг и бараат надомест на штета што, како што велат, им е предизвикана со години со примената на таканаречените клаузули за паритет на цените.

Во меѓувреме оваа компанија истовремено се соочува со сè построги европски правила и барања од поединечни држави да преземат поголема одговорност за сместувањето што го огласуваат.

Постапката кон крајот на оваа година е и формално покрената пред Окружниот суд во Амстердам, а зад неа стои независна холандска фондација со поддршка од европското здружение на хотелиери ХОТРЕК и повеќе од 30 национални хотелски асоцијации, пишува српскиот медиуми „Политика“.

Booking.com користел правила во своите договори со хотелите според кои сместувачкиот објект не можел да понуди соба по пониска цена на сопствената веб-страница или, во одредени периоди, преку конкурентски канали, од онаа на Booking.com. Во пракса, хотел кој сакал да му понуди на гостин кој директно го контактирал поповолна цена и на тој начин да избегне плаќање на провизијата на платформата, бил ограничен во тоа.

Хотелиерите сега тврдат дека таков систем со години ја намалувал ценовната конкуренција, ги ослабувал нивните директни канали за продажба и придонел за високи посреднички трошоци. Нивната позиција добила значителна поддршка од пресудата на Судот на правдата на Европската Унија пред две години. Судот заклучил дека ниту таканаречените широки ниту тесни клаузули за паритет не се објективно неопходни за функционирањето на платформата и дека можат да ја ограничат конкуренцијата.

Booking, пак, ги оспорува тврдењата врз кои се темелат тужбите. Компанијата тврди дека клаузулите за паритет долго време се вообичаена практика во туристичката индустрија и дека им овозможуваат на потрошувачите да ја видат најдобрата достапна цена на едно место, додека платформата им давала на хотелите пристап до огромен број потенцијални гости без почетните трошоци за рекламирање.