Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во водство на изборите во Брвеница

Објавено:

Стојанчо Радичевски, кандидатот на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, води на изборите за градоначалник во Општина Брвеница, покажуваат првичните резултати од Државната изборна комисија (ДИК).

На обработени 37,5% од избирачките места (9 од 24 места), тој има 1.145 гласа.

На второ место засега е Јакуп Хусеини од ВЛЕН со 618 гласа, додека третопласиран е Аркин Јахиј од коалицијата Национална алијанса за интеграција (НАИ) предводена од ДУИ, кој засега има 424 гласа.

Четвртопласиран засега е Јовица Радески од СДСМ со 278 гласа, според првичните резултати на обработени 37,5% од избирачките места.

На петто и шесто место се независните кандидати Душан Богдановски и Арифе Идризи со 17 односно 3 гласа.

За некој кандидат да победи во првиот круг, потребно е да освои најмалку 50% плус 1 глас од оние што излегле да гласаат.

Државната изборна комисија (ДИК) околу 21:30 часот треба да одржи прес-конференција на која се очекува да се соопштат првичните резултати.

Ова се втори избори за градоначалник во период од околу една година. Тие се распишаа откако почина поранешниот градоначалник Јовица Иливски од ВМРО-ДПМНЕ.

Предвремените избори во Брвеница следуваат откако почина градоначалникот Јовица Илиевски кој беше избран на функцијата на редовните локални избори што се одржаа на 19 октомври (прв круг) и 2 ноември 2025 (втор круг).