Поради кривично дело јавно поттикнување на насилство и омраза, непосредно пред фудбалскиот натпревар меѓу Хајдук и Ајакс на Пољуд, сплитската полиција досега привела вкупно 23 навивачи, од кои шестмина се во истражен затвор.
Полициските службеници од Полициската управа Сплитско-далматинска досега утврдија основано сомнение дека вкупно 23 лица сториле кривично дело-јавно поттикнување на насилство и омраза. Во затвор се наоѓаат 6 навивачи, еден од новоприведените е пред истражен судија, додека за друге во тек криминалистичко истражување и во текот на денот ќе биде предадено на притворскиот надзорник, јавува хрватската телевизија ХРТ1.
Во текот на денот ова лице треба да биде донесено пред притворскиот надзорник, а потоа и пред обвинителство. Доколку тие предложат затвор, осомничениот маж ќе биде изведен и пред дежурниот истражен судија на Жупанискиот суд во Сплит, каде би можел да биде донесен во текот на попладневните часови.
Полицијата и понатаму ги прегледува снимките и соопштува дека истрагата продолжува.
За време на поворката на навивачите низ улиците на Сплит, на 15 октомври, непосредно пред фудбалскиот натпревар меѓу ХНК Хајдук и ФК Ајакс, беа извикувани повици со кои други лица се поттикнувале на насилство и омраза.
Навивачите извикувале антисемитски и нацистички пароли меѓу кои пароли за глорификација на нацистичкиот лидер Адолф Хитлер, усташтвото, нацизмот и концентрационите логори. Фашистички скандирања и насилни инциденти го засенија фудбалскиот натпревар меѓу Хајдук и Ајакс во Конференциската лига на УЕФА, што се одигра на стадионот „Пољуд“.
По дводневни инциденти и немири, навивачките насилници се обидоа да го прекинат и натпреварот кој заврши со победа на Хајдук со два спрема еден.
И за време на натпреварот имало инциденти. До прекинот дојде во 75-тата минута откако беа запалени голем број на факли и фрлени пиротехнички средства кон теренот од навивачите на северната трибина, поради што главниот судија привремено ги испрати играчите во соблекувалните.
Во неделата доцна вечерта, во истражниот затвор на Билице се пријавил поранешниот секретар на Торцида, Стипе Лекиќ, за кој била распишана потерница, а со него во друштво бил уште еден навивач.


