Цените на нафтата денес се зголемија за повеќе од два проценти, по нападите врз комерцијалните бродови во и околу Ормускиот Теснец, што повторно ги поттикна стравувањата од прекини во снабдувањето со енергија. Референтната нафта „Брент“ се движеше околу 74 долари за барел, а американската сурова нафта „WTI“ околу 70 долари, објави „Трендинг економикс“.
Најновите судири САД – Иран ги зголемија загриженоста на бродските компании и ја доведоа во прашање одржливоста на договорот меѓу САД и Иран, кој има за цел да спречи напади во стратешки важниот Ормуски Теснец.
Дополнителна неизвесност предизвика изјавата на иранскиот министер за надворешни работи дека конечните мировни преговори нема да бидат можни ако продолжат геополитичките закани. И покрај денешните добивки, цените на нафтата сè уште се движат близу до најниското ниво од крајот на февруари, бидејќи очекувањата за зголемување на глобалната понуда продолжуваат да го ограничуваат повидливото закрепнување на пазарот.
Според медиумските извештаи, најмалку осум бродови поврзани со Јапонија го напуштија Ормутскиот Теснец на пат кон брегот на Иран, вклучувајќи пет супертанкери способни да превезуваат по два милиони барели сурова нафта.


