Пезешкијан од Њујорк: Иран никогаш не бил агресор, никогаш нема да ги наведнеме главите

Објавено:

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан пред Генералното собрание на ОН, говорејќи за војната против САД и Израел, изјави дека Доналд Трамп мора да знае дека отпорот на иранскиот народ само ќе се зголеми со санкциите, притисоците и заплашувањето.

Тој нагласи дека Иран е жртва на Израел и Соединетите Американски Држави и оти САД го користат Ормускиот Проток „за да ја наметнат својата агресија“.

Иако истакна дека Иран нема да се предаде во војната против САД, Пезешкијан рече и дека верува во дипломатијата како начин за обид да се стави крај на конфликтот.

Претседателот на Иран ги критикуваше двојните стандарди на Западот, посочувајќи дека Израел поседува нуклеарно оружје и ужива неказнивост, додека Иран е изложен на постојани инспекции и санкции.

„Атомската бомба и другото оружје за масовно уништување во овој регион се наоѓаат во рацете на израелскиот режим, а сепак инспекциите се бараат од Иран“, рече тој.

„Трамп и оние кои се обидуваат да нè заплашат мора да сфатат дека Иран е подготвен за дијалог, дипломатија и преговори, но без прифаќање на јазикот на силата“, порача Пезешкијан.