Кинескиот претседател Си Џинпинг допатува во тридневна посета на САД

Објавено:

Американскиот претседател Доналд Трамп го пречека својот кинески колега Си Џинпинг во базата Ендрус во Соединетите Американски Држави.

Во делегацијата која го пречека Си беше и првата дама на САД, Меланија Трамп, додека со кинескиот претседател, меѓу останатите, допатува и неговата сопруга Пенг Лијуен.

Си допатува во тридневна државна посета, во чии рамки ќе ја посети и Белата куќа, каде што ќе биде организирана свечена вечера на која ќе присуствуваат и многу претставници од технолошкиот сектор.

„Кина и САД треба да бидат партнери, а не ривали“, порача Си по пристигнувањето во Вашингтон.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Џиакун, претходно оваа недела изјави дека Си и Трамп за време на посетата ќе разменат мислења за прашања поврзани со односите меѓу Кина и САД, како и за светскиот мир и развој.