ЕУ ќе ѝ даде 4,2 милијарди евра на Унгарија, пари блокирани поради обвинение за корупција во владеењето на Орбан

Објавено:

Европската комисија (ЕК) планира да одблокира 4,2 милијарди евра од средствата на Европската унија (ЕУ) за Будимпешта, кои беа замрзнати поради обвинувања за корупција за време на поранешниот премиер Виктор Орбан, пренесоа светските новински агенции.

„Унгарија презеде важни чекори за зајакнување на владеењето на правото и заштита на финансиските интереси на Унијата“, изјави претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен.

Таа наведе дека реформите спроведени од актуелниот премиер Петер Маѓар, Будимпешта ги реши „недостатоците во области, како што се јавните набавки, антикорупциската рамка, ризиците од судир на интереси и ефикасноста на обвинителските постапки“.

Од ЕК истакнаа дека Унгарија може да има пристап до дел од замрзнатите средства, 4,2 милијарди евра финансиска поддршка за економски загрозените региони и целосно да учествува во програмата на ЕУ за размена на студенти „Еразмус“ и шемата за финансирање на истражувања „Хоризонт“.

Одмрзнувањето на средствата треба да биде одобрено од земјите членки на ЕУ.