Почина сенатарот Лидзи Греам, еден од најблиските соработници на Трамп

Објавено:

Американскиот сенатор Линдзи Греам почина на 71-годишна возраст по кратка и ненадејна болест. Службата за итна помош реагирала во неговиот дом во Вашингтон по повик за срцев удар во саботата навечер, јави Ројтерс.

Греам, кој штотуку се врати од патувањето во Украина, требаше да се појави во интервјуто „Meet the Press“ во недела наутро, соопшти телевизијата.

Кратко по објавувањето на неговата смрт, Трамп го нарече Греам „еден од најголемите луѓе и сенатори што некогаш сум ги познавал“ и вреден патриот. И украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека е „длабоко тажен“, нарекувајќи го Греам „вистински бранител на слободата и вредностите што го прават нашиот свет побезбеден“.

Греам беше истакнат поддржувач на Израел и Украина и противник на Иран. Како клучна фигура во Републиканската партија и со текот на времето стана еден од најблиските сојузници на Доналд Трамп, иако во минатото јавно ја критикуваше неговата кампања. Така беше и во случајот со одлуката на Трамп за помилување на дел од учесниците во нападот на Капитол од јануари 2021 година, за што Греам предупреди дека може да поттикне ново насилство.

Во својата долга кариера, Линдзи Греам беше член на Претставничкиот дом од 1994 година, а во Сенатот беше избран во 2002 година. Неодамна раководеше со Комитетот за буџет на Сенатот и беше активен член во неколку други клучни собраниски тела.