Резолуцијата за прекин на војната на САД против Иран поддржана и од седум конгресмени на Републиканската партија

Објавено:

Седум републиканци во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес им се приклучија на демократите при гласањето за резолуција со која од американскиот претседател Доналд Трамп се бара да ја прекине војната со Иран.
Ова е третпат Долниот дом на Конгресот да усвои таква мерка, овојпат со поголем број републиканци кои ја поддржаа.
Последните две вакви резолуции беа поддржани од по четворица републикански конгресмени.

Зголемувањето на бројот на републиканците кои во последното гласање им се приклучија на демократите претставува политичка критика на начинот на кој администрацијата на Трамп постапува во војната со Иран, оценува „Си-Ен-Ен“.
„Нема да поддржам уште една бескрајна војна. Можеме да ги браниме Американците, да вршиме притисок врз Иран и да тежнееме кон мир, истовремено обезбедувајќи Конгресот да ја исполни својата уставна одговорност“, напиша конгресменот Зак Нан на платформата „Икс“ по гласањето.

Последни објави