САД првпат признаа недостиг од муниција во војната против Иран

Објавено:

Пентагон во денеска објавениот извештај признава дека има недостиг на муниција поврзан со војната со Иран- констатација што администрацијата на Трамп досега категорично одбиваше да ја потврди.
„Потребите за муниција за време на операцијата ‘Епски гнев’ доведоа до недостиг во стратегиските резерви и открија пречки за индустријата за пополнување на муницијата”, се наведува во извештајот на главниот инспектор на американското министерство за одбрана во врска со операцијата против Иран.
Во извештајот се посочуваат и мерките што се спроведуваат за брзо зголемување на производството.

Кога во јуни медиумите објавија дека САД го ограничуваат користењето ракети, особено пресретнувачките, владата ги негира тие информации, а самиот американски претседател Доналд Трамп изјави дека земјата располага со „огромни количества муниција”.
На почетокот на овој месец американскиот претседател повторно напиша дека САД располагаат со „практично неограничени количества муниција”. Медиумите пишуваат дека токму недостигот од муниција била причина Трамп да не ги продолжи масовните напади врз Техеран ова лето.

Последни објави