ЕУ планира забрана за социјални мрежи, четботови и онлајн-игри за деца под 15 години

Објавено:

Во досега најсеопфатниот план за заштита на децата од опасностите на Интернет, се наведува дека Европската Унија ќе воведе забрана за користење социјални мрежи, платформи за споделување видео-содржини, четботови со вештачка интелигенција и онлајн-игри за деца под 15 години.
Во документ на Европската комисија се изразува загриженост поради растечкото влијание на големите платформи, меѓу кои Фејсбук и Инстаграм на „Мета“, ТикТок, Јутјуб на „Гугл“ и „Четџипити“, врз здравјето и безбедноста на децата.

Предлогот на ЕУ е дел од европскиот закон за децата што претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и извршната потпретседателка на ЕК за технолошки суверенитет, безбедност и демократија, Хена Виркунен, ќе го претстават в четврток.
Фон дер Лајен би можела да објави дел од деталите за предлогот во своето утрешно обраќање за состојбата на Унијата, кога ќе ги презентира претстојните политики на ЕУ.

Последни објави