САД потрошиле над 38 милијарди долари и изгубиле над 40 авиони во војната со Иран

Објавено:

Војната на САД против Иран го чини американското Министерство за одбрана повеќе од 38 милијарди долари до 1 август, а сумата ќе се зголемува до три милијарди долари месечно или повеќе, зависно од интензитетот на конфликтот, се наведува во проценка од непартиската Канцеларија за буџет на американскиот Конгрес, пренесоа новинските агенции.

Канцеларијата соопшти дека се очекува војната да ја зголеми инфлацијата во првиот квартал од 2027 година и дека инфлацијата ќе биде приближно 0,5 процентни поени повисока од претходно проценетата. Проценката, подготвена како одговор на информациите од водечкиот демократ во Комитетот за буџет на Претставничкиот дом, Брендан Бојл, е во голема мера во согласност со претходната проценка на министерот за одбрана Пит Хегсет, кој ги процени трошоците на 37,5 милијарди долари, според неговото сведочење во Сенатот.

Според последниот извештај на американската Конгресна истражувачка служба (CRS), објавен во мај годинава, армијата на САД изгубила најмалку 42 авиони од почетокот на војната со Иран. Подоцна оваа бројка неофицијално беше корегирана на 53, но не беше потврдена од овластени институции.

Последни објави