Сопствениците на кравите ја влече и ѝ скршиле нога на нападната жена во Крива Паланка

Објавено:

Јавен обвинител во Крива Паланка врши проценка дали и какви мерки треба да предложи против поранешните сопствениците на кравите кои пустошат низ овој град и околните села.

Ова следува по кривичната пријава за тешка телесна повреда за последниот напад од таткото и две од трите ќерки врз жена од селото Дрење, која беше нападната поради недоразбирања околу кравите.

„Пријавени се дека поради недоразбирање околу добитокот најпрво започнале расправија, а потоа физички нападнале жена од селото Дрење, ја влечеле, туркале и ѝ се заканувале. Кога ја турнале на земјата оштетената се здобила со тешка телесна повреда – скршеница на левиот скочен зглоб на ногата“, соопштија од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Крива Паланка.

Нападот против жената се случи на 21 ноември, кога полицијата го забележа во својот билтен.

Против таткото и ќерките има десетици пријави до надлежните институции и тоа е уште една од причините зошто надлежниот обвинител ја разгледува опцијата за барање построги мерки од судот.

Крива Паланка е во фокусот на јавноста изминатиот период поради неможноста на надлежните институции да се справат со околу илјада крави кои шетаат низ градот, нивните и дворовите во околните села.

Станува збор за крави кои му биле доделени од државата на семејството, но има решение за одземање на добитокот.

Општината и градоначалникот Сашко Митовски од СДСМ изминатиот период бараа помош од централната власт на ВМРО-ДПМНЕ апелирајќи да се прогласи кризна состојба за да се мобилизираат повеќе институции бидејќи Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) не може сама да се справи со крупниот добиток.

Дел од жителите на Крива Паланка излегоа и на протести барајќи решение.

Случувањата во овој град го обиколија и светот – бројни странски медиуми изминативе денови пишуваа за несправувањето со проблемот со кравите.